М.Г. Фешн излегува од Македонијатурист

М.Г. Фешн ДОО увоз-извоз Скопје, еден од најголемите акционери во Македонијатурист АД Скопје, остана само со 40 обични акции во Македонијатурист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

М.Г. Фешн продаде акции на Македонијатурист, сега поседува само 40

Од компанијата преку Македонската берза деновиве информираа дека го намалиле бројот на акции кои ги поседуваат во Македонијатурист. М.Г. Фешн претходниот месец купи 900 акции и поседуваше 52.811 акции, односно 11,68% од вкупниот број на обични акции издадени од Македонијатурист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МГФ Инвестемент купи 52.811 акции на Македонијатурист, сега поседува 11,68% од вкупниот број

Деновиве од Македонијатурист исто така информираа дека акционерот, друштвото за услуги, МГФ Инвестемент ДООЕЛ Скопје, преку нетрговски трансфер се стекнало со 52.811 обични акции и сега поседува 11,68% од вкупниот број на обични акции издадени од Македонијатурист, а нови акции купи и акционерот, друштвото за трговија, производство и услуги, Промедика ДООЕЛ Скопје, 45, и сега поседува 53.844 акции односно 11,91% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Промедика купи нови акции на Македонијатурист, сега поседува 11,91% од вкупниот број

Македонијатурист е сопственик на хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн Хотел “Турист”, “Карпош“, “Белви”, како и на хотелите “Водно“, “Бристол“, “Јадран“, “Сарај“ и ресторанот Пивница, кои не работат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чезакомерц купи нови 988 акции на Македонијатурист

Македонијатурист со зголемени приходи и добивка во првото полугодие

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести