ФФМ остро го осуди тепањето на фудбалери пионери на натпреварот “Брегалница“ – “Шкупи“

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро го осудува инцидентот што се случи на натпреварот од младинските категории (генерации 2009/10) помеѓу екипите на “Брегалница“ од Штипи “Шкупи“ од Скопје во Штип, кога група родители на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи, информираат од таму.

-Ваквото однесување е целосно неприфатливо и претставува грубо нарушување на спортскиот дух, фер играта и безбедноста на младите фудбалери.

Особено загрижува што едно од децата претрпе сериозни повреди, скршеници, како последица од нападот, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви повреди имаат фудбалерите пионери кои ги натепа татко на играч од „Шкупи“ на натпреварот со „Брегалница“

ФФМ најавува дека надлежните органи ќе поведат дисциплинска постапка и ќе преземат соодветни мерки за сторителите на инцидентот.

-Ќе биде покрената дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, со цел вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори.

Федерацијата уште еднаш потсетува дека секој чин на насилство на спортските терени е недозволив и строго ќе биде санкциониран.

Со насилство, од било кого и на било кое ниво, нема да има компромис.

Нашата заедничка обврска е да создадеме безбедна и позитивна средина за развој на најмладите генерации фудбалери, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познат идентитетот на мажот кој претепа фудбалери пионери, кои завршија во болница, на натпреварот помеѓу „Брегалница“ и “Шкупи“

Од ФК „Брегалница“ потврдија дека се повредени нивни фудбалери пионери и го осудија инцидентот кој го предизвика родител на играч од “Шкупи“

(Вознемирувачко видео) Повредени две деца: Родител на дете од „Шкупи“ натепа фудбалери пионери на „Брегалница“ во Штип

Фото: ФФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести