Компанијата Филип Морис Интернејшнл (ФМИ) по десетти пат го доби престижното глобално признание „Најдобар работодавач“ (Top Employer), со што компанијата уште еднаш потврди дека е посветена на поставување највисоки стандарди во односот кон своите вработени, информираат од таму.
Сертификатот го доделува Институтот за врвни работодавачи врз основа на независна проценка, кој ги препознава глобалните лидери во позитивните практики за човечките ресурси.
Филип Морис Интернејшнл (ФМИ) во Македонија во 2014 година започна јавно-приватно партнерство со Тутунски комбинат Прилеп (ТКП), формирајќи заедничка компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП), која денес е пример за стратешката визија водена од иновации која создава долгорочна вредност.
Глобалното признание „Најдобар работодавач“ на ФМИ е уште една потврда за децениската посветеност на компанијата кон напредни практики за човечки ресурси, развој на таленти, инклузивност и современи работни услови, посочуваат од таму.
Извршниот директор на Институтот за врвни работодавачи, Адриан Селигман, истакна дека доделувањето на сертификатот за најдобар работодавач за 2026 година ја одразува посветеноста на ФМИ за градење извонредно работно место кое овозможува одржливи деловни перформанси.
– Силната усогласеност на компанијата помеѓу стратегијата за луѓе и организациските цели, во комбинација со посветеноста на континуирано подобрување, го демонстрира влијанието на нејзините практики за трансформација. Горди сме да му оддадеме признание на ФМИ за нивниот значаен придонес кон подобар свет на работното место, изјави Селигман.
Фред Патитучи, главен директор за луѓе и култура во групацијата ФМИ, вели дека за компанијата е голема шест што десетта година по ред е препознаена како најдобар работодавач, достигнување што го нагласува квалитетот и конзистентноста на практиките за вработените на глобално ниво.
– Се стремиме да создадеме средина во која секој се чувствува охрабрен да се развива, придонесува и да напредува. Оваа пресвртница ја одразува посветеноста и страста на нашите тимови ширум светот. Гледајќи кон иднината, ќе продолжиме да поставуваме стандарди за современо вработување – инвестирајќи во раст, инклузивност и благосостојба, со цел да привлечеме и развиваме исклучителни таленти, изјави Патитучи.
Институтот за врвни работодавачи ги доделува овие признанија проценувајќи ги практиките за човечки ресурси на компаниите во шест области: стратешко управување, обликување на трансформацијата, привлекувањето на вработени, развој на работната сила, ангажман на вработените и обединување на вработените преку културата.
ФМИ е една од вкупно 17 компании кои добија глобален сертификат за најдобар работодавач. Филијалите на ФМИ исто така беа признати како водечки работодавачи во 32 земји низ Европа, Блискиот Исток, Африка и Азија/Пацифик.













