Филипче се дистанцираше од Црвенковски

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче денеска се дистанцираше од поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски, откако се појавија фотографии на кои поранешниот претседател и премиер на Македонија е во друштво на членови на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранко Црвенковски предизвика бура, фотографиран во друштво на членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ

-Во однос на сликата која излезе на социјалните медиуми вчера од поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски јас можам само да го цитирам поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски а тоа е: „Или си СДСМ или не си“, изјави Филпче, прашан за коментар.

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести