Синоќа Градскиот парк во Скопје благодарение на Филхармонија беше како во бајките на „Дизни„.
Бесплатниот концерт “Фантазија“ собра голем број граѓани кои уживаа во изведбата на дваесетина песни од анимираните филмови на “Дизни“: Малата сирена“, „Аладин“, „Кралот лав“…
Диригент беше Тимоти Редмонд од Велика Британија, а како солисти настапија сопранистката Биљана Јосифов, тенорот Денис Димоски и бас баритонот Иван Наумовски.







Фото: Министерство за култура