(Фото) Интернационалниот модел Горјана – Џоја во фантастичен едиторијал за српскиот ЕЛ

Нашиот докажан модел Џоја (Горјана Кулишевска) пред две недели беше во Белград каде сликаше нова кампања за Српскиот Ел Магазин, информираат од Моделс ИН Менаџмент за еМагазин.

Целото снимање и фотографирање се случило во реновираниот хотел Бристол во Белград, а позади објективот била познатата двојка, веќе докажаните модни фотографи Данило и Шарон.

„Кулишевска е веќе долги години под договор со Јелена Ивановиќ и нејзината модна агенција, па токму затоа по нејзиниот престој во Милано и Париз работеше на многу модни кампањи и врвни дизајнерски брендови како Alexander McQeen и Moschino.

Грациозна и префинета нашата Џоја совршено се вклопи во гламурозниот амбиент на целата кампања,“велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент.

Само да се подсетиме дека нашата убавица често ја бараат во соседна Србија, минатата година беше заштитно лице на брендот „Мона“, а воедно беше и во летниот број на голем едиторијал во престижното модно списание Marie Claire.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести