(Фото) Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс во Милано

Нашиот интернационален модел Ивана Манас кој веќе со години работи на светската модна сцена, имаше чест и привилегија да ја отвори ревијата на докажаниот бренд Тokyo James.

„За било кој модел е голем предизвик и чест да работи на големите шоуа и ревии на врвните дизајнери и брендови, а посебно на Миланската Модна Недела. Ивана Манас претходно работеше на ревии на светски дизајнери како Долче и Габана, Рик Овенс и Филип Плеин и беше единствената Македонка која стана заштитно лице на цела кампања на двоецот D&G.

Нашата убавица со совршени пропорции останува во Милано до крајот на оваа сезона за да ги изработи другите модни проекти,“ велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести