(Фото) Ловџија од Кавадарци паднал од карпа и починал

Ловџија од Кавадарци доживеал несреќа при лов односно паднал од карпа висока 150 метри и починал, информираат од ТППЕ-Кавадарци.

„Веднаш одговоривме на барањето и интервениравме со петмина пожарникари и опрема за работа на височина (алпинистичка опрема).

Со придружба од четворица припадници на МВР Кавадарци и двајца членови на фамилијата се упативме кон длабокиот и непристапен стрмен терен. За жал поради тоа што телото на нашиот сограѓанин се наоѓаше на непростапен и непрооден терен моравме да користиме опрема за алпинизам да се врзиме и обезбедиме меѓу себе да не дојде до дополнителни незгоди.

По целодневен напор на сите присутни по екстремно тешкиот терен на кој буквално спасувачите се движеа низ тесни и клизави карпи, телото успешно е извлечено од длабоката бездна и е предадено на органите за безбедност,“ се вели во соопштението.

Фото/ТППЕ-Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести