Премиерот Христијан Мицкоски синоќа информираше дека отпатувал во Будимпешта, Унгарија, на покана на „неговиот драг пријател“ унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Со него се и неговите синови Јован и Антониј, а денеска ќе го следат фудбалскиот меч помеѓу Португалија и Унгарија, во рамки на кфалификациите за Светското првенство 2026.
„Ретко сме заедно, уште поретко имам прилика да ја исполнам нивната желба. Овој пат ден поминат со Јован и Антониј. Заедно тројцата во Будимпешта, му ветив на Антониј дека ќе го гледаме Роналдо, а утре Португалија ѝ гостува на Унгарија во Будимпешта“, напиша тој на Инстаграм.