Канадскиот милјардер со македонско потекло Крис Павловски повторно е во Македонија.
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на Фејсбук информираше дека со него имал пријателска вечера.
Павловски бил во Македонија, во посета на Преспа, од каде што потекнува, а со Мицкоски разговарале за перспективите и иднината на Македонија.

Павловски е сопственик на компанијата „Рамбл“, која неодамна отвори свое преставништво во земјава, „Рамбл клауд“.
Павловски е веќе присутен на македонскиот пазар преку ИТ компанијата “Космик Девелопмент“, која почна да работи во 2013 година, прво во Битола, а сега има канцеларии и во Скопје.
Важи за близок до американскиот претседател Доналд Трамп.

Капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1.2 милијарда долари.

Во Македонија беше во мај и учествуваше на Самитот на Македонија 2025.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крис Павловски ќе финансира истражување за да се најде гробот на Александар Македонски
Која е компанијата Рамбл на Крис Павловски, која отвори преставништво во Македонијаps
Фото: Павловски/Мицкоски