Нашиот интернационален модел Татјана Јанушева – Тати стана заштитно лице во новата модна капања за веќе докажаниот бренд кој го има и на нашите простори – Fashion&Friends.
Снимањето се случи пред два месеца и тоа на неколку локации во Шпанија. Додека пак новата кампања за исто така популарниот бренд Extreme Intimo беше изработена на Кипар поточно на прекрасните плажи и областа наречена Aya Napa.
„Само да се потсетиме Јанушева е една од нашите најбарани интернационални модели која веќе има респектабилно портфолио. Нејзината вонсериска убавина и големиот професионализам и ги донесоа одличните соработки со сите светски позначајни брендови и дизајнери.Особено сме горди и благодарни на сите нејзини светски успеси,“ велат за еМагазин.мк од нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје.





