Општина Илинден го пушти во употреба новиот спортско-рекреативен локалитет околу Бучинско Езеро во Бучинци – целосно преуреден простор што нуди место за одмор, спорт, релаксација, рекреација и дружење на отворено.
„Со овој проект на жителите на Општина Илинден и пошироко им се обезбеди едно модерно, пристапно и функционално јавно место во кое ќе можат да уживаат и да го поминуваат слободното време покрај езерцето,“ велат од Општината.






Фото: Општина Илинден