(Фото) По автопатот Кичево-Охрид ќе се патува и низ галерии

По автопатот Кичево-Охрид, кој е дел од Коридорот 8, ќе се патува и низ галерии.

Станува збор за полуотворени заштитени конструкции, а информацијата со фотографии на Фејсбук ја соопшти Коце Трајановски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Автопатот кој почна да се гради во 2014 година, се очекува да биде завршен до крајот на годината.

Целосното автопатско решение од Скопје до Охрид пак се очекува да биде пуштено во 2028 или 2029 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како изгледаат новите 17 километри од автопатот Кичево-Охрид

(Видео) Коридорот 8 ја заобиколува Стража: Пробиени 17 километри од автопатот Гостивар – Букојчани

(Фото) Пуштен дел од автопатот кон Охрид, делницата Пресека-Песочани

Фото: ЈПДП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести