Слушачка промоција на винилот за последниот албум на групата Суперхикс насловен како „Сила и мервоза”, се случи на 28. мај, во просториите на барот „Глуво куче“ во Скопје.
На промоција беа присутни бројни фанови, пријатели и новинари.
Ова е второ винилно издание на Суперхикс по она од 2017 година за „Андерграунд Евергринс“, а истото е во издание на Корпус Деликти и Кичма Рекордс и ќе може да се најде на неколку локации.
Албумот е сниман и миксуван во студиото Тра Ла Ла на продуцентот Мите Димовски, а винилното издание е во ограничен тираж од 200 примероци.
По промоцијата бендот заминува на кратка летна турнеја која започнува оваа сабота со настап во Виница по која следуваат и датуми во Бугарија, Дојран и други.
Бендот оваа година прослави 31 година активна работа.












Фото: Промо