Веќе ги чуствуваме горештиниве на летото, кое само што почна. Во Македонија има многу места каде можете да поминете ден или викенд со за нијанса пониска температура.






Едно од тие е ресторанот “Арома С“, кој се наоѓа во селото Беловиште.
Истиот има богат избор на традционална македонска кујна, а цените споредено со Скопје или Охрид на пример се доста пониски.
Веднаш тука Ви се и познатите Беловишки водопади, како и бројни цркви, па слободно можете да си организирате целодневен престој во прекрасна природа.
Во околината имате уште неколку убави ресторани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ













