Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова е во посета на Казахстан.
Таму имаше средба со претседателот на Казахстан, Касим Жомарт Токајев, а денеска и утре ќе учествува на Меѓународниот форум „Астана 2025“.




За средбата со нејзиниот казахстански колега од нејзиниот Кабинет информираа дека двајцата изразиле спремност за проширување и продлабочување на односите во економијата и инвестициите, енергетскиот, градежниот сектор и обновливите извори на енергија, но и во културата, туризмот и науката.
Фото: Кабинет на претседателката