По пожарот во фабриката „Винчини“ на „Макпрогрес“ беа хоспитализирани 13 лица. Од Министерството за здравство информираа дека сите се во стабилна состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Една пожарникарка е хоспитализирана во болницата во Штип, четворица пожарникари се во болницата во Кочани, а осуммина вработени во фабриката се на Клиника за Токсикологија во Скопје.
На Фејсбук се огласија повредените кои се сместени во болницата во Кочани. Александар Георгиевски, пожарникар, вработен во ТППЕ Штип, вели дека сите се добро и дека никој не е сериозно загрозен со тешки повреди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-Ве молам да не се крева паника. Пожарникарската работа е таква и добро знаеме какви се нашите предизвици.
Сите единици, волонтери, доброволни друштва, што беа присутни таму дадоа се од себе пожарот да се стави под контрола, а беше и те како сериозен пожар. Секој што беше таму на лице место се бореше машки, чесно и достоинствено до последен здив да се спречи многу поголема штета и успеавме во тоа за голема среќа. Што е најбитно од се без жртви.
Морам да одадам јавна пофалница, признание и за кочанската Општа Болница со проширена дејност и целиот персонал кој беше 24 часа на располагање на сите нас. Луѓето најпрофесионално посветено си ја извршија својата работа на што ќе сме и бескрајно благодарни за навека РЕСПЕКТ за цел персонал!, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Менаџментот на „Макпрогрес„: Фабриката “Винчини“ ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа
(Видео) Објавени вознемирувачки снимки од пожарот во „Макпрогрес“
Фото: Фејсбук/Георгиевски














