Во првите шест месеци од годинава Фруктал Мак АД Скопје остварил загуба од 5.410.606 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Оперативните приходи на Друштвото за овој период изнесуваат 219.490 илјади денари и се зголемени во однос на лани кога биле 218.875 денари. Финансиските приходи изнесуваат 258 илјади денари и се намалени во однос на истиот период минатата година кога биле 1.411 илјади денари.
Финансиските расходи изнесуваат 980 илјади денари и се намалени во однос на истиот период лани кога биле 1.793 ијлади денари.