Македонија си ги искомплицира шансите за директен пласман на Светското првенство во фудбал, одигра нерешено со Казахстан

Македонија си ги искомплицира шансите за директен пласман на Светското првенство во фудбал следната година, откако македонската фудбалска репрезентација синоќа во Скопје одигра нерешено со Казахстан, 1: 1.

Нашта репрезентација останува во трка за второто место во групата, но ќе мора да победи во последниот меч од циклусот против Велс во Кардиф, за да обезбеди место во баражот.

Во групата на првото место се искачи Белгија, која има уште два натпревари пред себе, со 14 бодови, а Македонија падна на второто место со 13 бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ремизираше со Белгија: Фудбалската репрезентација на прагот до историски пласман на Светското првенство

Фото: Фудбалска репрезентација на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести