Четири тела на Обединетите нации (ОН) – ФАО, УНИЦЕФ, СПП и СЗО, иако цел свет секојдневно во живо го гледа гладот и како луѓе умираат поради тоа во Појасот Газа, за првпат потврдија дека во градот Газа и неговата околина има глад.
Од ОН велат дека повеќе од 500.000 лица во Газа се соочуваат со „глад, сиромаштија и смрт“, а „катастрофалните услови“ се предвидува да се прошират во Деир ал-Балах и Кан Јунис следниот месец.
Телата на ОН го повторуваат повикот за итен прекин на огнот во Газа и за „непречен хуманитарен пристап за намалување на смртните случаи од глад и неухранетост“.
Во нивната заедничка изјава тие велат дека неухранетоста кај децата во Газа се забрзува со катастрофално темпо и во јули повеќе од 12.000 деца биле идентификувани како акутно неухранети.
„Речиси едно од четири од овие деца страдаше од тешка акутна неухранетост, најсмртоносната форма со краткорочни и долгорочни последици“, стои во изјавата.
Израел пак се уште не може да го види гладот и дека луѓе умираат од неухранетост. Министерството за надворешни работи на Израел го отфрли ставот на ОН. Од таму посочуваат дека „нема глад во Газа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само 16 македонски пратеници гласаа за резолуцијата за деблокада на хуманитарната помош во Газа
Срам за човештвото, Палестинците ги убиваат додека земаат храна
Фото: Унсплеш