Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која учествува на состанок на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Копенхаген, Данска, на маргините имала продуктивни средби со премиерите на Данска и на Унгарија, Мете Фредериксен и Виктор Орбан, со Карин Келер Сутер, претседателката на Швајцарска Конфедерација, со Принцот од Монако, Алберт, со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта и со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, информираше таа на Фејсбук.






Таа посочува дека на средбите уште еднаш ја повторила потребата за деблокирање на македонскиот евроинтегративниот процес.
На состанокот се поканети 47 шефови на држави и влади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Со кој се сè сретна претседателката Сиљановска Давкова во Њујорк
Фото: Кабинет на претседателката