(Галерија) Денеска во Кавадарци бесплатен Бадников ручек за сите, еве ја екипата кој го подготви

Денеска во Кавадарци на Градскиот плоштад продолжува традицијата на Заедничкиот Бадников ручек, отворен за секого.

Настанот се реализира во организација на Општина Кавадарци, со поддршка на општествено одговорни компании и спонзори: Слога Пром, Златен Крап, Дошница, Жито Југ, Пекара Здравје, Слаткарница Палма, Панче Арсовски, Мики Тра Лала, Грин Хаус, Аце Пром, Анси Фреш, ТД-ТД, Минекс, Винарија Кимов, Жикол, Хотел Цар Самуил, Партнер Хем, детските градинки “Рада Поцева“, “ЗИМА Ди“, Кит-Го, Бела Фарм, без чија поддршка оваа хумана традиција не би била возможна, информираа од Општината.

За вкусниот Бадников ручек и празничното расположение ќе се погрижат шеф Горан Филипов и неговиот тим, со врвни професионални готвачи од Македонија.

Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести