(Галерија) Реновирани управните служби за лични документи во зградата на МРТВ

Целосно се реновирани просториите на управните служби во зградата на МРТВ во Скопје, каде граѓаните вадат лични документи.

Реконструкцијата и реновирањето започна лани во октомври, а засега се опфатени 20 т.н. кабини за сликање кои ќе извршуваат повеќе работни функции и ќе даваат повеќе услуги на граѓаните.

Реконструирана е и големата шалтер сала која во наредниот период ќе ги опслужува граѓаните во делот на издавањето на пасошите по итна и редовна постапка, личните карти по итна постапка, возачките дозволи, уверенија за државјанства, заедно со сите останати постапки во врска со барањата за прием и отпуст од државјанства, промена на лично име и други, како и услуги од областа на возилата, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во реконструкцијата во оваа фаза се реконструирани и 15. канцеларии за вработените, санитарните чворови, инсталиран е целосно нов централен систем за ладење и греење и е извршено целосно сервирање на надворешните окови, во насока објектот да биде што повеќе енергетски ефикасен.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести