(Галерија) Во Штип за Пастрмајлијадата синоќа над 100.000 посетители

За рекордна посетеност на синоќешниот музички настан на “Пастрмајлијада 2025“ во Штип, јавуват локалните медиуми. Истата заврши синоќа, а почна во петокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку ќе чини пастрмајлија на штипската „Пастрмајлијада“, која започна денеска

Освен пастрмајлија посетителите синоќа уживаа и во главниот музички настан на кој настапија Елена Ристеска, Владо Јаневски и главната ѕвезда, Дино Мерлин, на кој според слободни проценки имало над 100.000 посетители.

Коментарите по социјалните мрежи за настанот се различни, а најмногу негативни коментари има за паркирањето, иако од Општина Штип претходно информираа дека тој е организиран, имајќи предвид дека дојдоа посетители од сите страни на Македонија, но и од надвор.

Негативни коментари има и за капацитетот на градот на различни нивоа да организира настан со толку многу посетители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каде да паркирате ако одите на Пастрмалијада во Штип, Општината објави локации за најлесен пристап

Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести