Нема повторно преговарање, му кажала на Гаши бугарската колешка Доцова

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, кој ја предводи македонската делегација на 13. Пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Софија, Бугарија, оствари средба со неговата колешка Михаела Доцова.

Како што информираа од Кабинетот на Гаши, средбата била конструктивна, а двајцата ја потврдиле “заедничката заложба за континуирана парламентарна соработка како клучен инструмент за зајакнување на довербата, меѓусебното разбирање и добрососедските односи меѓу нашите две земји“.

Разговарале и за можностите за продлабочување на соработката во области од заеднички интерес, со посебен акцент на проектите што придонесуваат за регионалната поврзаност.

-Ја истакнав нашата цврста определба кон процесот на европска интеграција, како и подготвеноста за спроведување и унапредување на неопходните реформи на тој пат.

Изразив уверување дека преку отворен дијалог и конструктивна меѓупарламентарна соработка можеме да придонесеме за градење меѓусебна доверба, унапредување на односите и зајакнување на регионалната стабилност, кажал Гаши и ја поканил колешката и парламентарна делегација да ја посетат Македонија.

Доцова пак, како што пренесуваат бугарските медиуми, му порачала дека Македонија мора да го спроведе европскиот консензус од 2022 година и да ги спроведе уставните измени, за да продолжи по својот европски пат.

Таа му посочила дека тоа не е предмет на повторно преговарање.

Му пренела и дека Бугарија очекува праведна казна за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија објави дипломатска нота за престојот на семејството на Мицкоски во Пампорово, премиерот го информирал НАТО

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести