(Фото) Газдата на “Пуцко петрол“, Асмир Јахоски со времен пасош во Истанбул

Сопственикот на Пуцко петрол, Асмир Јахоски, осомничен за случајот за злоупотреби при набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, кој неодамна беше пуштен од притвор со гаранција од над 2 милиони евра, а му беше одземен пасошот и доби мерки на претпазливост се појави на фотографии објавени на Фејсбук од негов роднина, а направени во Истанбул, на кој е заедно и со татко му, Исмаил Јахоски, кој е пратеник на ДУИ.

Порталот Скопје 1 објави дека тој побарал времено да му биде вратен пасошот од надлежните институции, па така и отпатувал во Турција.

Нема информации кога времено му бил вратен пасошот и кога тој ќе се врати во земјата, имајќи предвид дека секој прв понеделник во месецот треба да се јави во судот, а тоа е денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Газдата на Пуцко петрол, Јахоски, кој беше во Истанбул, се вратил во Македонија

Пуцко петрол склучи договор од 1,9 милион евра со ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта

Фото: Фејсбук/Алија Јаоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести