Колку македонски граѓани живеат во Германија?

Последните податоци на Централниот регистар на странци покажуваат дека во Германија живеат 161.044 македонски државјани, објави германски Фокус.

Податоците покажуваат дека Македонија е меѓу 25. земји со најмногу граѓани во Германија, на 22. место.

Во оваа бројка не влегуваат македонски државјани кои таму отишле со бугарски пасош.

Од регионот во Германија најмногу има од Бугарија, 422.787 лица, од Грција, 347.486, од Косово, 322.571, Србија, 262.479, Босна и Херцеговина, 246.724…

На врвот се граѓаните на Турција, околу 1,52 милиони луѓе, а поради војната во Украина, во Германија има и над 1,4 милиони граѓани од таа земја.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести