Густ црн облак од чад се издигнува од скопско Трубарево, а по првичните информации дека станува збор за „Нула Отпад“, од компанијата излегоа со демант.
„Нула Отпад како колективен постапувач кој го организира системот на собирање на отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, не поседува отпад ниту фабрика за пластика, фабрика за акумулатори или било каков отпад во Трубарево. Согласно информации од медиумите станува збор за пожар во рециклаторен центар кој е еден од нашите соработници,“ велат од Нула Отпад.
Директор на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов рече дека станува збор за сериозен пожар поради материјалите што горат и е тежок за гаснење.
Во гаснењето на пожарот е вклучен и хеликоптер.
Фото/ДЗС Видео/О2 Иницијатива