„Безбеден град“ стартуваше вчера и за 12 часа системот го покажа реалното дивеење по скопските улици.
Направени се 65.000 прекршоци, а 2.800 поминале на црвено.
Граѓаните добиваат СМС пораки за прекршоците, на социјалните мрежи најголем дел од нив се жалат што се казнува и за 51км/ч на дозволена максимална брзина од 50.
„Како е можно казна за 51км/ч,“ прашува граѓанин до редакцијата на еМагазин, кој ја испрати содржината на казната, во која е наведен прекршокот за брзина од 51км/ч.
Граѓаните реагираат и дека нема доволно знаци на кои е наведена максимално дозволената брзина, иако во закон е прецизирано дека максимална дозволена брзина во населени места е 50км/ч.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/МВР














