Греланд е следен на “менито“ на Трамп?

Дали Греланд кој е дел од Данска е следен на „менито“ на американскиот претседател Доналд Трамп по нападот на Венецуела и најавата дека САД извесно време ќе управува со земјата, е прашање кое добива на значење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ќе „управува“ со Венецуела до транзиција на власта, Американци ќе продаваат венецуелска нафта

Трамп во неколку наврати, а и деновиве посочи дека островот и е потребен на САД и дека контролата на него е важна за националната безбедност на неговата држава.

„Гренланд е преполн со руски и кинески бродови. Ни треба од аспект на националната безбедност. А Данска нема да може да се справи со тоа, ви гарантирам“, рече тој во интервју за „Атлантик“.

Данска е загрижена во кој правец ќе се движат работите, а тамошната премиерка Мете Фредериксен го повика Трамп да престане да се заканува со преземање контрола врз Гренланд.

„САД немаат право да анектираат ниту една од трите земји што се дел од Кралството Данска“, изјави таа, потенцирајќи дека Данското кралство, вклучувајќи го и Гренланд, е дел од НАТО и под заштита на колективната одбрана, и потсети и дека САД веќе имаат голем пристап до Гренланд преку важечкиот одбранбен договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп и се закани на новата претседателка на Венецуела

Која е Делси Родригез, в.д. претседателката на Венецуела

Кој е Николас Мадуро, кој го зароби САД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести