По нападот на Венецуела од страна на САД, сега во фокусот на американскиот претседател Доналд Трамп е најголемиот остров во светот, Гренланд.
Тој неколку пати изминатиов период повтори дека на САД и треба Гренланд поради национална безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Веќе е јасно дека една од причните за нападот на Венецуела се нејзините резерви на нафта, но, што има Гренланд, кој е дел од Кралството Данска, што и треба на САД?
Ретки минерали
Покрај военото и стратешко значење, Гренланд исто така има нафтени, но и гасни резерви во крајбрежните области, кои сè уште не се експлоатирани.
Има и наоѓалишта на ретки минерали, кои се неопходни за современи технологии и вооружување. Нивната експлоатација станува сè полесна откако таму мразот поради климатските промени наголемо се топи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И воена сила е опција за зазаемање на Гренланд од страна на САД
САД веќе има бази на Гренланд
САД неколку децении веќе имаат договор со Данска што предвидува присуство на американски воени бази на Гренланд сè додека двете земји се членки на НАТО.
Моментално таму се стационирани околу 150 американски војници, што е значително намалување во однос на околу 6.000, колку што имало за време на Студената војна.
Договорот ѝ дава на американската војска голема слобода, вклучувајќи изградба на пристаништа, сидришта, станбени објекти и друга инфраструктура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како Гренланд стана дел од Данска
САД ја презема контролата врз венецуелската нафта
Фото: Унсплеш













