Грижата за вработените носи долгорочен успех – „Макпетрол“ исплати регрес од 48.000 денари

„Макпетрол“ и оваа година ја реализира исплатата на регрес за годишен одмор, обезбедувајќи нето износ од 48,000 денари за своите вработени. Со оваа практика, која прераснува во континуирана поддршка, компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање стабилна, мотивирана и продуктивна работна средина, информираат од таму.

Дополнително, „Макпетрол“ исплати средства по основ на учество во добивката за деловната 2024 година, односно, секој вработен доби износ што претставува 100 отсто од просечната плата на вработените во 2024 година.

Освен со исплата на средства по неколку основи надвор од редовните примања, „Макпетрол“ инвестира и во обезбедување можности за развој и напредок на своите вработени. Компанијата создава услови за сите вработени да се стекнат со дополнителни знаења и на тој начин постојано да го подобруваат високиот степен на професионалност, посочуваат од таму.

Потврда дека ова е вистинската стратегија се илјадниците потрошувачи кои секојдневно ги користат бензинските станици на компанијата. Влогот и вербата во вработените и во иднина ќе биде еден од најзначајните приоритети на „Макпетрол“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести