На 71-годишна возраст денеска почина балканската фолк ѕвезда Халид Бешлиќ.
Познатиот босански пејач како што јавуваат регионалните медиуми починал во Клиничкиот центар во Сараево, каде неколку недели беше во Oдделот за онкологија поради проблеми со црниот дроб.
Бешлиќ е роден на 20. ноември во 1953 година во селото Врапци во Босна и Херцеговина. Со музиката се занимава од многу млад, а во поранешна Југославија стана популарен во 1980-тите.
Има снимено 18 студиски албуми, а последниот „Требевиќ“ го објави во 2020 година.
Ќе го паметиме по хитовите „Миљацка“, „Првиот бакнеж“ (Први пољубац) „Романија“, „Јас без тебе не можам да живеам“ (Ја без тебе не могу да живим)…
Фото: Фејсбук/Халид Бешлиќ