Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на непристапни места

Стари воени и полициски возила се модерзирани и адаптирани за гаснење пожари и тие деновиве ќе се стават во функција, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски.

„Пред сѐ, тука мислам на армиските и полициските хеликоптери. Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, два се тука, го чекаме третиот да пристигне, популарно наречените Ер трактори.

Но, она коешто ќе биде новитет е тоа што дел од застарената и магационирана опрема, како што се БТР 70-80, старите Хермелини, Пинцгауер и слично, коишто беа во магацините на Министерството за одбрана и внатрешни работи, се модернизираа, обработија, им се инсталираа посебни резервоари за вода, се купија пумпи коишто работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапни терени.

Тоа што многу ни беше важно, навечер кога огнот, како што велат, спие стручно, да може да му пристапиме и да го угасиме за да не се распламти преку денот. Се подготвуваат и многу скоро, денеска ќе бидете сведоци на една таква показна вежба, како од ништо, направивме нешто.

Очекувам 50-60 вакви возила да бидат подготвени, со различно инсталиран волумен на вода, до 6 метри кубни, 6 тона практично. Така што, очекувам подготвени да ги пречекаме пожарите и мислам дека драматично сме многу поподготвени од претходните години,“ рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пензионираните пилоти на „ертракторите“ повторно ангажирани за гаснење пожари

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести