Оперативните приходи на Хотели-Метропол АД Охрид во првите девет месеци од годинава изнесуваат 175.901 илјади денари и истите гледано споредбено со 2024 година се намалени за 7%, информираат од Друштвото преку Македонската берза.
-Најголем дел од оперативните приходи отпаѓаат на приходите од продажба, односно 173.475 илјади денари, што покажува намалување за 8% во однос на 2024 година.
Финансиските приходи за разгледуваниот период во 2025 година изнесуваат 1.402 илјади денари и се намалени во однос на истите од 2024 година за 37%.
Оперативните расходи во износ од 149.705 илјади денари, се зголемени за 6% во однос на истите во 2024 година.
Финансиските расходи бележат намалување во однос на истите од претходната година за 41%.
Хотели-Метропол во периодот јануари-септември 2025 година оствари позитивен финансиски резултат или нето добивка од 27.569 илјади денари, со пад од 44 % во однос на истиот период од 2024 година, велат од таму.
Фото: Унсплеш














