Хрватската држава влегува во Македонската берза

Хрватската финансиска агенција ФИНА од македонската Комисија за хартии од вредност доби решение со кое се дава согласност да стекне квалификува­но учес­тво во Македонска берза АД Скопје, индиректно преку Загребската берза (која е акционер во Македонската берза) и да се стекне со акции чиј вкупен кумулативен износ не надминува 30% од вкупно издадените акции со пра­во на глас од Македонска берза.

Единствен основач и содружник на ФИНА е државата Хрватска, која веќе има добиено согласност од хрватскиот регулатор ХАНФА да се стекне со директно квалификувано учество во Загребската берза.

Доколку понудата за преземање биде успешна, ФИНА може директно да стекне 50% +1 акција во Загребската берза, а со тоа и со индиректен удел од 14,99% во Македонска берза.

Ако ФИНА пак стигне до максимален удел од 100% во Загребската берза, со тоа индиректниот удел во Македонска берза ќе биде до 29,98%, колку што поседува Загребската берза во македонската.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите акционери во Македонската берза, во која влегува хрватската држава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести