Каков имот пријавила Лидија Димова, која е осудена на две години затвор

Лидија Димова, поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која беше обвинета за злоупотреба на службената позиција и овластување, вчера од Основниот кривичен суд Скопје беше осудена на две години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидија Димова осудена на две години затвор

Таа ќе треба и да плати надоместок од 10 илјади денари и да ги подмири судските трошоци, како и да ја надомести штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција.

Беше ослободена за делото измама.

Според обвинението, Димова со непрофесионално и негрижливо работење овозможила незаконита имотна корист на трети лица, со што е причинета штета од 2,818 илјади денари на европските фондови.

еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Државната комисија за спречување на корупција кога дошла на оваа позиција, кој го имаме во архива.

Каков имот пријавила

Според истиот тогаш како заеднички имот пријавила куќа од наследство во Скопје од 130 метри квадратни, проценета на 4,5 милиони денари.

Како заеднички имот навела и удели, но нема информација каде, а на свое име тогаш пријавила и заштеда од 6.500 евра.

Фото: Димова/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести