За што е осомничен Илија Стоилев, актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија детали за случајот со поткуп, поврзан со програмата ИПАРД, во кој беа приведени пет лица, меѓу кои и Илија Стоилев, актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен Илија Стоилев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Првоосомничениот Џ.Н. (77) е осомничен дека сторил продолжено кривично дело „давање поткуп“ и кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, додека А.Ф. (44), Ј.К. (35) и Ф.Ф. (47) како посредници се осомничени дека сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Стоилев (57) пак е осомничен дека сторил продолжено кривично дело „примање поткуп“. 

-Првоосомничениот – управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера (6. ноември, н.з.), искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветил  подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ.

Останатите тројца осомничени од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајки го своето реално влијание и службената положба побарале и го поттикнале директорот на агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши.

Имено, иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите предвидени во Јавниот повик бр.01/24 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, директорот по применото ветување за подарок од значителна вредност во износ од 50.000 евра, во текот на вчерашниот ден (6.ноември, н.з.) потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и притоа примил дел од паричните средства во износ од 400 евра кои при претрес се пронајдени и одземени. 

При извршени претреси на други локации пронајдени се парични средства во значителна вредност, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илија Стоилев доби 30 дена притвор

Фото: Фејсбук/Стоилев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести