Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот – друштвото за внатрешен и надворешен промет Чеза комерц Симеон Роберто и Виктор ДОО Скопје купило дополнителни 190 акции и сега поседува 29.010 акции односно 6,41% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист.
Македонијатурист е сопственик на хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн Хотел “Турист”, “Карпош“, “Белви”, како и на хотелите “Водно“, “Бристол“, “Јадран“, “Сарај“ и ресторанот Пивница, кои не работат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
М.Г. Фешн купи нови акции на Македонијатурист
Фото: Игор Бансколиев