И УНИ Банка со намалени надоместоци за физички и правни лица

Од УНИ Банка АД Скопје информираа дека Банката извршила измена во тарифите на меѓународните плаќања преку Единствената област за плаќање во евра за физички и правни лица (СЕПА), а истовремено ги намалила и надоместоците за користење на услугите во МИПС, за физичките и за правните лица.

Кај правните лица повеќекратно се намалени просечните тарифни провизии за плаќањата во СЕПА во однос на постоечките тарифни ставки. Од таму велат и дека соодветно се прилагодени надоместоците и во пакетите за правни лица.

Пакетите за правни и физички лица вклучуваат најчесто користени банкарски услуги и плаќања во една цена и истите се прилагодени согласно потребите и големината на клиентот.

За физичките лица кредитните трансфери во СЕПА започнуваат од 1 евро, Банката не предвидува надоместоци за приливи, вклучително и по основ на странски плати и пензии.

Извршени се и намалувања на надоместоците за кредитни трансфери кон сметки во други банки преку платниот систем МИПС, со намалување и до 40% на трансферите извршени преку електронско банкарство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЛБ Банка укинува и намалува надоместоци во домашниот и меѓународниот платен промет

Комерцијална банка укинува и намалува повеќе надоместоци за физички и правни лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести