Меѓу повеќето опции кои ги разгледува САД за заземање на најголемиот остров во светот, Гренланд, полуавтономен дел од Данска, членка на НАТО, е и употреба на воена сила, соопшти Белата куќа.
„Претседателот и неговиот тим разговараат за низа опции за остварување на оваа важна цел на надворешната политика и, секако, користењето на американската војска е секогаш опција на располагање на Врховниот командант“, соопштија од таму.
Оваа следи откако претходно европските лидери со заедничка изјава ја подржаа Данска.
Американскиот претседател Доналд Трамп последниве месеци во повеќе наврати посочи дека Гренланд е приоритет за националната безбедност на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гренланд е следен на “менито“ на Трамп?
САД ја презема контролата врз венецуелската нафта
Фото: Unsplash













