Нов извршен директор за воздухопловна техника во акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација – М-НАВ Скопје е Милан Кораќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милан Кораќ нов извршен директор во М-НАВ
Тој доаѓа на местото на Климент Чепуњоски.
Кораќ е поранешен член на Управниот одбор (УО) на М-НАВ, а беше и претседател на Одборот.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога претходно бил во УО на М-НАВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Милан Кораќ, кој е именуван за нов извршен директор во М-НАВ
Каков имот пријавил
На свое име пријавил стан во скопска Кисела Вода од 80 метри квадратни.

На свое име има и дел од недвижнина во Белград, Србија, која е подарок.

Вози “опел астра“.

Ја пријавил и платата.

Имал приходи и од продажба на недвижен имот.