Каков имот пријавил судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом се најдени 350.000 евра, скриени во ѕид

Во домот на родителите на Ѓоко Ристов, судија од Апелацискиот суд Скопје, во Неготино, во ѕид се најдени 350.000 евра.

Потргата по уште сомнителни пари, како што информираа од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое го води случајот, продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

350.000 евра најдени во домот на судијата Ѓоко Ристов од скопска Апелација, биле скриени во ѕид

Засега за него нема барање за притвор или друга мерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не кажува каде е судијата Ѓоко Ристов, на кој му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид

еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал судија во Апелација во 2020 година, кој го имаме во архива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За судијата Ѓоко Ристов засега нема притвор оти има имунитет: Кој може да му го одземе?

Каков имот пријавил

На свое име пријавил стан од 70 метри квадратни во Скопје.

Вози фолксфаген пасат, а на име на сопругата пријавил возило опел астра.

Тогаш пријавил и два кредити, едниот на име на сопругата од 2,7 милиони денари, кој треба да се врати во 2045 година и на свое име, од 1,5 милион денари, кој треба да го врати во 2038 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стафа зел поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот

Каков имот пријавил Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за поткуп од 50 илјади евра

Пецов, за кого Стафа зеде поткуп, сам се предал, и доби куќен притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести