Инцијативата на СДСМ за Анкетна за Кочани вратена на доработка, ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ поднесоа нова

Инцијатавата за формирање на Анкетна комисија во македонското Собрание за трагедијата во Кочани, поднесена од опозициската СДСМ, а подржана од опозициската Левица е вратена на доработка, оти во предлогот било утврдено мнозинството во комисијата да му припаѓа на опозицискиот блок, а не на мнозинството во Собранието, како што е предвидено во собранискиот Деловник.

Денеска и пратениците од владејачите ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ поднесоа иницијатива за формирање Анкетна комисија која освен трагедијата во Кочани, треба да ги испита околностите и одговорноста на институциите и за пожарот во модуларната болница во Тетово, автобуската несреќа на „Дурмо турс“ кај Ласкарци и несреќата на „Беса Транс“ во Бугарија.

Родителите на загинатите во пожарот во Кочани неодамна на маршот во Скопје побраа формирање на ваква комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Собранието ќе се формира Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести