Индустриското производство зголемено за 2,8%

Индустриското производство во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 2,8 %. Во јуни, пак, во споредба со минатогодишниот јуни, забележан е раст од 0,5%, соопшти Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст од 6,9%, во секторот Преработувачка индустрија од 2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 29,3%.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,6%, Капитални производи за 2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 24,4% и Трајни производи за широка потрошувачка за 4,3%.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести