Индустриското производство во јули 2025 година е зголемено за 4.1% во однос на јули 2024 година, информираа од Државниот завод за статистика.
Истото во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, е зголемено за 3%.
Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, имаат одделите: Производство на електрична опрема со 15.3%, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 4.6% и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 26.5%.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи опаѓање од 10.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 7.5%.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.5%, Капитални производи за 18.6% и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.5%.
Фото: Унсплеш