Институт за мода Изет Цури, во чест на Фросина Кулакова, на нејзиниот роденден на 25 јуни, објави Конкурс за доделување на едногодишна школарина за студии по моден дизајн. Стипендијата, доделена од семејството Кулакови, претставува највреден и најубав дар во нејзино име, со цел да се поддржат млади таленти и да се одржи жив споменот на Фросина.
По завршувањето на административните подготовки, стипендиите ќе бидат доделувани преку Фондацијата „Фросина Кулакова“. Фондацијата ќе реализира и низа хуманитарни и општествено корисни активности во духот на нејзините вредности.
Услови за учество:
Кандидатите треба да имаат завршено средно училиште.
Конкурсот е отворен за кандидати од Република Северна Македонија, како и за странски државјани.
Проект за пријавување:
Секој кандидат треба да достави моден проект, кој вклучува:
– Мудборд со инспирација
– Колорна и текстилна карта
– Технички цртежи на сите дизајнирани парчиња (преден и заден изглед).
Избоени модни илустрации со 6 комплетни изгледи од мини колекција
Визуелниот материјал се подготвува во PDF формат (не се прифаќаат поединечни слики). На насловната страница треба да се наведат:
– Име и презиме на авторот
– Назив на колекцијата
– Сезона (есен/зима или пролет/лето)
– Година на изработка.
Дополнително се испраќаат три одделни Word документи:
– Објаснување на концептот на колекцијата (максимум 30 редови, фонт 12 pt)
– Биографија
– Мотивациско писмо.
Оценување:
Пристигнатите проекти ќе бидат разгледани од стручна комисија.
Испраќање на материјалот:
Сите документи и проектот (во PDF и Word формат) се испраќаат на: [email protected].
Важни датуми:
Почеток на конкурсот: 25.06.2025
Краен рок за пријавување: 10.09.2025
Објава на добитникот: 15.09.2025.
Промотивна објава