IQOS отвора ново поглавје во Охрид со простор посветен на информиран избор и лично корисничко искуство

Охрид доби нова дестинација за возрасните пушачи кои сакаат да се информираат на јасен, непосреден и професионален начин.

На улица „Климент Охридски“ број 54 е отворена нова специјализирана IQOS продавница, уредена како современ простор во кој корисничкото искуство е во фокусот – преку личен пристап, стручна поддршка и можност за практично запознавање со уредите за загревање тутун без негово согорување, информираат од таму.

-Новиот простор е замислен како место каде информацијата, советувањето и искуството се спојуваат во едноставен и внимателно осмислен процес.

Посетителите можат одблиску да се запознаат со начинот на функционирање на уредите, да добијат практични насоки за нивно користење и одржување, како и подобро да разберат зошто загревањето на тутунот, наместо негово согорување, е основата на оваа технологија.

Продавницата работи од понеделник до сабота, од 10:00 до 22:00 часот, а во недела и на државни празници од 10:00 до 20:00 часот.

IQOS не е без ризик и создава никотин кој предизвикува зависност, но претставува подобар избор за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат, велат од таму.

Дополнителни информации за достапните уреди и услуги може да се најдат на следниот линк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести