ИРЛ: Фирма на Вице Заев во Бугарија инкасирала 9 милиони евра од државните пари за набавка на јаглен

Ново истражување на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) на кое работеле три години, поради водење правни битки за да дојдат до потребните документи, открива дека фирма на братот на поранешниот премиер Зоран Заев, Вице Заев, во Бугарија, инкасирала девет милиони евра од државните пари за набавките на јаглен кои државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ги склучила од 2022 до денеска за да ги обезбеди домашните електрани со енергенси за стабилно производство на електрична енергија

Станува збор за фирмата „Гомасидра“, која е регистрирана во Петрич.

Истражувањето на ИРЛ покажува дека некои фирми добро профитирале од кризната состојба во енергетискиот сектор што во 2022 година ја погласи тогашната Влада, што значеше повеќе буџетски пари за државните компании за производство и транспрот на енергенси, како ЕСМ и Македонскиот електропреносен систем-оператор (МЕПСО).

Според истражувањето на ИРЛ, за оваа намена ЕСМ од 2022 година до денеска склучила договори со 11 фирми за набавка на околу 4,6 милиони тони јаглен, за што нетранспаретно биле потрошени дури 283 милиони евра.

Парите од бизнисот завршиле кај мал број фирми, а онаа на Вице Заев, според ИРЛ влегла од втор план.

Целото истражување ОВДЕ.

Илустрација: ИРЛ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести