На социјалните мрежи се споделува апел за пронаоѓање на Биљана Ј.А., која е исчезната веќе повеќе од 24 часа.
„Последен пат е видена во с. Крушеани од каде заминала со својот автомобил Audi A4 со регистарски таблици PP 7822AG темно мастилна боја. Од таму и се губи секоја трага и мобилниот и е недостапен. Ве молам доколку некој ја забележи да ме контактира мене или некој од моето семејство.Ве премолувам помагајте мојата сестра и мајката на Дори и Таиса да се врати жива,“ се вели во апелот.
СВР Битола, исто така информира дека на 23. јули 2025 година, во 23:02 часот, нејзината сестра С.Ј.М. пријавила дека Б.Ј.А. со возило се оддалечила од домот и оттогаш ѝ се губи секаква трага.
Според пријавата, исчезнатата жена имала здравствени проблеми.
Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање, а сите кои имаат каква било информација се повикуваат да се обратат во најблиската полициска станица или да се јават на телефонскиот број 192.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ